Mahmoud Mohamed Barakat
16 Јуни 2020•Ажурирај: 18 Јуни 2020
БАГДАД (АА) - Две ракети паднаа во близина на аеродромот во Багдад каде што се наоѓа седиштето на американските сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
„В зори, цел на две ракети беше Меѓународниот аеродром во Багдад, каде што се наоѓа седиштето на американските сили во воениот дел на аеродромот“, изјави за АА полицискиот капетан Ахмед Халаф.
Халаф нагласи дека не се пријавени жртви, ниту материјална штета.
Соопшти дека безбедносните сили пронашле ракетен фрлач во населбата Ал-Фурат, западно од Багдад.
Сличен ваков напад, чија цел беа американските сили на истиот аеродром, беше изведен и на 8 јуни.
На 13 јуни цел на напад беше и воената база „Ал-Таџи“ северно од Багдад, во која се сместени американските сили.
Претходно овој месец, ирачката Влада вети дека ќе ги заштити сите воени бази на меѓународната коалиција предводена од САД со очекување за наскоро заминување на американските трупи од земјата.