Betül Yürük
18 Април 2022•Ажурирај: 19 Април 2022
ЊУЈОРК (АА) - Во Њујорк, турски државјанин е избоден со нож од непознато лице „поради тоа што е Турчин“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На Твитер профилот на Њујоршката полиција (NYPD) соопштено е дека нападот се случил на 15 април, во Менхетен на 9. улица, а објавена е и фотографија на напаѓачот.
Полицијата подоцна објави соопштение дека неидентификувано лице избодело 24-годишен маж во градите, наведувајќи анти-турски зборови.
Не се соопштени идентитетите ниту на нападнатото лице кое е пренесено во болница, ниту на напаѓачот.
Според веста објавена на веб-страницата „Daily News“, полициски извори информирале дека осомничениот пред да го изврши делото го прашал 24-годишникот дали е Турчин, а потоа рекол: „Ги мразам Турците“ и го нападнал.
Во видео објавено во локалните медиуми, се наведува дека лицето било избодено со нож бидејќи бил Турчин.
Се нагласува дека лицата кои ќе дадат информации за осомничениот ќе бидат наградени до 3.500 американски долари. Њујоршката полиција (NYPD) започна истрага за пронаоѓање на напаѓачот.