Mahmut Atanur
03 Мај 2019•Ажурирај: 05 Мај 2019
ЏАКАРТА (АА) – Во Индонезија, повеќе од 500 лица ги загубија животите поради нарушување на здравјето поврзано со заморот и исцрпеноста од долгите работни часови на денот на изборите за претседател на државата и Парламентот, одржани на 17 април, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите во локалните медиуми, поради замор од прекумерната работа на денот на изборите и по него, до денес животот го загубија повеќе од 500 лица, од кои 412 лица од Изборната комисија на Индонезија одговорни за гласачките кутии, 92 од институцијата за надзор на изборите, а останатите од службениците за безбедност.
Околу 3.700 лица одговорни за гласачките кутии се наоѓаат на болничко лекување, а најмногу починати има од лицата одговорни за гласачките кутии.
Соопштено е дека на секоја единица одговорна за функционирање и безбедност на процесот на гласање, на семејствата на починатите лица ќе им исплати различни надомести.
Лицата умреле од исцрпеност, срцеви заболувања и крвен притисок предизвикан од прекумерна работа и долги работни часови. Повеќето од починатите лица биле постари од 40 години.
На почетокот на оваа недела беше истакнато дека починале 367 лица.
- На семејствата се исплаќа надомест -
Од друга страна, претседателот на индонезиската Изборна комисија, Ариф Будиман, истакна дека на семејствата на починатите ќе им се исплати надомест од 36 милиони рупии (околу 2.200 евра).
Индонезискиот заменик-претседател, Јусуф Кала, изјави дека треба да се преиспита одлуката за организирање два избори во еден ист ден.
Во Индонезија, за прв пат во еден ист ден беа организирани и парламентарни и претседателски избори, и на повеќе од 800.000 гласачки места беа распоредени 7 милиони луѓе.
Од регистрираните 193 милиони гласачи во земјата, на изборите излегоа 81 процент. Официјалните резултати од изборите се очекува да се објават на 22 мај.