Ahmet Karaahmet
04 Април 2023•Ажурирај: 05 Април 2023
АНКАРА (АА) - Режимот на Башар Асад тврди дека Израел извршил воздушен напад врз една точна во сирискиот главен град Дамаск, пренесува Анадолу.
Новинската агенција на Асадовиот режим „САНА“ објави вест заснована врз изјава на воен извор, во која се тврди дека израелските сили на полноќ извршиле воздушен напад на една точка во руралното подрачје на Дамаск.
Во веста се наведува дека во нападот загинале двајца цивили.
„Нашите воздушни одбранбени системи соборија неколку непријателски ракети“, се додава во веста.
Израелските власти не се огласија во врска со овој напад.