Adham Kako,Mohamad Misto,Burak Karacaoğlu
13 Јануари 2018•Ажурирај: 13 Јануари 2018
ИСТОЧНА ГУТА / АНКАРА (АА) - Според информациите што екипите на цивилната заштита во Сирија ги споделија на социјалните мрежи, утрово силите на режимот на Асад ги гранатирале цивилните населби во градот Дума, во областа Источна Гута со три проектили кои носеле хлорен гас, јавува Anadolu Agency (AA).
Од болница се отпуштени цивилите кои екипите на цивилната заштита ги префрлиле на лекување во болница бидејќи биле зафатени од гасот.
Силите на Асад денеска изведоа воздушни и копнени напади врз местата Дума и Хареста и појасите Марџ и Ирбин.
Според податоците на цивилната заштита, во гранатирањето на Дума животот го загубле две лица, од кои едното е дете.
Во тек се спасувачите операции на екипите на цивилната заштита, кои се обидуваат да ги пронајдат и спасат лицата кои се заробени под урнатините. Повредените се префрлени на лекување во локалните болници.