Ekip
19 Декември 2017•Ажурирај: 20 Декември 2017
ПАРИЗ (АА) - Репортери без граници (РСФ) соопштија дека во 2017 година загинале 65 новинари, што е најмалку во последните 14 години, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците објавени од страна на РСФ во вторникот, 60 отсто од вкупниот број новинари кои настрадале, се убиени.
Се додава дека намалувањето на бројот на смртни случаи се должи на фактот што новинарите ги напуштаат земјите што станаа премногу опасни. Исто така, се зголемува и свеста за потребата од заштита на новинарите.
РСФ нагласува дека некои земји кои не се во војна станаа опасни за новинарите, подеднакво како и за воените зони. На такви места, во 2010 година, се случиле 46 отсто од смртните случаи во споредба со 30 отсто од минатогодишните смртни случаи.
Сирија во 2017 година беше најсмртоносна за новинарите. Во земјата каде што продолжува војната, загинаа 12 новинари, еден повеќе отколку во Мексико, што е на второ место место по смртност на новинари.