Alyssa Mcmurtry
26 Декември 2024•Ажурирај: 27 Декември 2024
ОВИЕДО (АА) - Најмалку 10.457 луѓе загинале при обидот нерегуларно да стигнат до бреговите на Шпанија во текот на 2024 година, јавува Анадолу.
Невладината организација за миграции „Каминандо фронтерас“ денес соопшти дека 2024 година била најсмртоносната година во модерната историја на миграција на Шпанија.
Шпанија, како што наведува оваа организација, има една од најсмртоносните мигрантски рути во светот.
Секој ден во морето оваа година во просек животот го губеа 30 мигранти во однос на 18 мигранти во 2023 година.
Големо мнозинство мигранти, 9.757, загинале на атлантската рута од северозападна Африка до Канарските Острови.
Организацијата исто така наведе дека 131 чамец исчезнале без трага.
Иако мигрантската рута е долга и опасна, како што наведува „Каминандо фронтерас“, неуспехот на службите за пребарување и спасување бил клучен во 69 отсто од трагедиите.
Според извештајот, оваа година на море загинале околу 2.000 жени и деца.
Според шпанското Министерство за внатрешни работи, 57.738 мигранти успешно стигнале до бреговите на Шпанија до 15 декември, што претставува зголемување од 12 отсто во однос на 2023 година.