Şerife Çetin
01 Јануари 2019•Ажурирај: 02 Јануари 2019
БРИСЕЛ (AA) – Романија од денес официјално е претседавачка членка на Европската Унија, односно претседавач со Европскиот совет, јавува Anadolu Agency (AA).
Во својот прв полугодишен мандат Романија во текот на претседавањето на дневниот ред на ЕУ ќе има тешки прашања, излегување на Велика Британија, продолжување на интеграцискиот процес за земјите од Западен Балкан и одржување на избори за Европскиот парламент.
Се очекува Романија да ја интензивира и работата на ЕУ на темите како што се миграциите, реформите во земјоделската политика и одбраната.
Премиерката на Романија, Виорика Данчила, најави дека ќе работи на изградба на Европа која е глобален фактор и во чии рамки сите членки заемно потпрени една на друга делат исти вредности.
Два важни настани ќе се случат во текот на романското претседавање со ЕУ - Брегзит и европските парламентарни избори.
Велика Британија, заклучно со 29 март ќе ја напушти ЕУ и тоа во согласност со процедурата која е започната пред две години.
Вториот предизвик за Романија ќе биде одржување на избори за Европскиот парламент кои се најавени за периодот од 23 до 26 април, а право на глас имаат околу 400 милиони гласачи.
Најавено е и дека во март и во мај ќе се одржат самити на лидери на ЕУ во романскиот Сиби.
Романија полугодишниот мандат на претседавање на ЕУ ќе го предаде на Финска.