Emre Gürkan Abay
26 Ноември 2021•Ажурирај: 30 Ноември 2021
МОСКВА (АА) - Руските власти објавија дека во пожарот што избувна во рудникот за јаглен во областа Кемерово, бројката на загинати се искачила на 52 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Руското Министерството за вонредни состојби, објави соопштение во кое, потсетувајќи дека пожарот избувна на длабочина од приближно 250 метри во рудникот за јаглен во Кемерово, информира дека се евакуирани 239 лица поради пожарот и формираниот чад.
Во соопштението се наведува дека во рударската несреќа животот го загубиле 52 лица, а меѓу загинатите има и луѓе од спасувачката екипа.
Претходно беше објавено дека во пожарот што изби во рудникот за јаглен во Кемерово на длабочина од 250 метри, животот го загубиле најмалку 11 лица, 45 се повредени, а 239 лица се евакуирани. Претседателот на Русија, Владимир Путин, упати порака со сочувство до семејствата на загинатите.