Elena Teslova
12 Декември 2019•Ажурирај: 12 Декември 2019
МОСКВА (AA) - Германскиот амбасадор во Москва е повикан во Министерството за надворешни работи на Русија поради минатонеделното протерување на двајца руски дипломати од Берлин, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Се очекува на германскиот амбасадор Гези Андрес вон Гер да му се каже дека Русија ќе преземе мерки на одмазда“, рече извор на руската државна агенција ТАСС (TASS).
Претходно, рускиот претседател, Владимир Путин, рече дека дипломатската традиција сугерира реципрочен одговор.
„Постојат непишани практични правила, непишани закони за такви случаи: протеравте наши дипломати, ние ќе протераме ваши“, рече Путин.
Минатата седмица Германија протера двајца руски дипломати поради наводната улога на Москва во убиството на Зелимкан Кангошвили, поранешниот чеченски бунтовнички командант.
„Кангошвили се бореше против Русите во текот на Втората чеченска војна од 1999 до 2009 година, а работеше и во Грузија и во Украина против руските интереси3, наведе германскиот „Дојче веле“ („Deutsche Welle“).