Emre Gürkan Abay
21 Ноември 2020•Ажурирај: 22 Ноември 2020
МОСКВА
Претседателот на Русија, Владимир Путин, го потпиша декретот што предвидува продолжување на времетраењето на санкциите кои Русија ги спроведува кон некои земји од Западот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Со декретот потпишан од страна на Путин, Русија до 31 декември 2021 година го продолжува времетраењето на контрасанкциите што ги спроведува како одговор на санкциите од некои земјите, меѓу кои и САД и Европската Унија (ЕУ), кои применуваат санкции кон Русија поради нејзиниот став во Украина и илегалното анектирање на Крим.
Со одлуката што ја донесе во септември, ЕУ за шест месеци ги продолжи економските санкции спроведувани кон одредени сектори на Русија поради дестабилизирање на Украина.
- Заемни економски санкции
ЕУ за прв пат во 2014 годна донесе одлука за спроведување економски санкции кон Русија. Во согласност со економските санкции што продолжуваат, 28-те земји членки на ЕУ не можат да ѝ продаваат оружје на Русија.
Со овие санкции, Русија има ограничувања за купување на некои технологии, што се користени во секторот за нафта и гас, од земјите членки на ЕУ.
Исто така, руските јавни банки се исклучени од финансискиот сектор во Европа.
Дополнителните санкции на ЕУ, што се состојат од замрзнување на имотите и забрана за патување, вклучуваат голем број руски и сепаратистички високи претставници.