Emre Gürkan Abay
01 Декември 2020•Ажурирај: 01 Декември 2020
МОСКВА (АА) - Русија за првпат распореди системи за противвоздушна одбрана „С-300“ на Курилските Oстрови во близина на јапонската граница, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерство за одбрана на Русија соопшти дека генерал Генади Јидко, командантот на Источната воена област, која се граничи со Кина, го посетил регионот.
Меѓу другото се истакнува дека во рамките на посетата се контролирани системите за противвоздушна одбрана „С-300“ распоредени на Курилските Острови, и дека во регионот е спроведена воена вежба.
Исто така се наведува дека на островите за првпат е распореден системот „С-300В4“, кој е последна генерација на моделот „С-300“.
„С-300В4“ е од руско производство дизајниран за да ги заштити клучните објекти од балистички воздушни напади.
- Спорот за Курилските Острови меѓу Русија и Јапонија -
На крајот на Втората светска војна во 1945 година, Советскиот Сојуз ги анектираше Курилските Острови, кои се протегаа на околу 1.300 километри, разделувајќи го Тихиот Океан од Охотското Море.
По анексијата, поради спорот околу копнената област која Јапонија ја нарекува како „Северни региони“, меѓу Русија и Јапонија се водат преговори за потпишување мировен договор. Но, во преговорите страните не можат да постигнат резултати.