Dmitri Chirciu
15 Октомври 2021•Ажурирај: 18 Октомври 2021
МОСКВА
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, разговараше на телефон со иранскиот колега Хосеин Амир-Абдолахиан за Договорот за нуклеарна програма на Техеран со светските сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Двајцата министри зборуваа за ситуацијата околу Заедничкиот сеопфатен акционен план (ЈЦПОА) за иранската нуклеарна програма“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија.
„На состанокот е потврдено дека враќањето на Договорот за нуклеарна програма во нивната изворна избалансирана конфигурација е единствениот правилен начин да се осигураат правата и интересите на сите вклучени страни“, се наведува во соопштението и се нагласува важноста на договорот.
Се додава дека е изразен двостран интерес за прашањето за што побрзо продолжение на преговорите за договорот во Виена.
Во соопштението кое потсетува дека Лавров и Амир-Адболахиан се состанаа во Москва на 6 октомври, се напоменува дека двете страни разговарале за прашањата поврзани со билатералните односи помеѓу двете земји.