Aida Cako
20 Јуни 2025•Ажурирај: 20 Јуни 2025
СКОПЈЕ (АА) - Руските сили извршија масовен напад со беспилотни летала врз јужниот украински пристаништен град Одеса, при што се повредени најмалку 11 лица, соопшти Државната служба за итни ситуации на Украина, јавува Анадолу.
Меѓу повредените се и тројца пожарникари, кои се здобиле со повреди од паѓање на делови од згради додека работеле на последиците од нападите.
„Неколку жители се спасени од запалени згради, а околу 600 лица се евакуирани“, информираа властите.
На терен се поставени и пунктови за итна помош, каде што се обезбедува медицинска грижа и психолошка поддршка за погодените во нападот.