Elena Teslova
08 Декември 2022•Ажурирај: 09 Декември 2022
МОСКВА (АА) - Руската амбасада во Берлин ќе обезбеди правна помош на руски државјанин, едно од уапсените лица за наводно планирање државен удар во Германија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„На 7 декември на официјалната веб-страница на Германското државно обвинителство беа објавени информации за приведувањето на 22 лица осомничени за обид за државен удар“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на брифинг во Москва.
Таа истакна дека на листата приведени имало и една Русинка.
„Амбасадата веднаш испрати барање до германската агенција за разјаснување на околностите за приведувањето на руската државјанка. Во исто време, дипломатската мисија изразува подготвеност да ја пружи потребната конзуларна и правна помош“, додаде таа.
Захарова рече дека Москва гледа на она што се случи „исклучиво како на внатрешно прашање на Германија“ и додаде дека моментално нема доволно информации за настанот.
Германското федерално обвинителство вчера обвини група од екстремно десничарското движење „Рајхсбургер“ за заговор за државен удар.
Една од осомничените е идентификувана како руската државјанка Виталија Б. Обвинителите тврдат дека групата контактирала со руски дипломати во Германија.