Dmitri Chirciu
10 Јуни 2021•Ажурирај: 11 Јуни 2021
МОСКВА (АА) - Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека дипломат вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва е прогласен за непожелно лице, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на ова министерство се потсетува дека Северна Македонија минатиот месец прогласи еден руски дипломат за персона нон грата.
Според соопштението, амбасадорката на Северна Македонија во Москва, Оливера Чаушевска-Димовска, била повикана во руското МНР.
„На амбасадорката ѝ е дадена нота во врска со тоа дека вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва е прогласен за непожелно лице“, се наведува во соопштението.
Во соопштението се вели дека оваа мерка е донесена против, како што се нагласува, одлуката без причина од македонска страна за депортирање на руски дипломат.