Elena Teslova
06 Декември 2022•Ажурирај: 07 Декември 2022
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денес изјави дека масовните напади врз воената инфраструктура на Украина продолжуваат, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на состанокот со воените началници во Москва, Шојгу рече дека Руските вооружени сили користат високопрецизно оружје со долг дострел за да ги погодат воениот команден систем, претпријатијата од воено-индустрискиот комплекс и слични објекти, со цел „да го уништат воениот потенцијал на Украина“.
„Руската Армија ги штити критичните објекти на ослободените територии“, рече Шојгу, истакнувајќи дека нуклеарната централа Запорожје е една од нив.
„Само во последните две недели, 33 гранати со голем калибар беа истрелани на станицата од АФУ (Вооружените сили на Украина). Руските сили за воздушна одбрана пресретнуваат поголем дел од украинското оружје за уништување. Овие напади на украинските војници ги класифицираме како нуклеарен тероризам“, рече тој.
Во одвоено соопштение, Министерството за одбрана соопшти дека денес се случила уште една рунда размена на воени затвореници, а 60 руски војници се вратиле од заробеништво на Украина.
„Сите тие ќе бидат транспортирани во Москва за медицинска и психолошка помош и рехабилитација“, се додава.