Dmitri Chirciu
26 Ноември 2019•Ажурирај: 27 Ноември 2019
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во однос на активностите на терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија, истакна дека нема да има добар резултат ако т.н Сириски демократски сили во Сирија се потпрат на поддршката на Соединетите Американски Држави (САД) кои во Сирија се вратиле за нафта, пренесува Агенција Анадолија (AA).
На заедничката-прес конференција со министерот за надворешни работи на Исланд, Тор Тордарсон, во главниот град Москва, Лавров ги оцени активностите на терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија.
Истакнувајќи дека ЈПГ/ПКК е ангажирана во неконструктивни активности во северна Сирија, Лавров рече: „Нема да има добар резултат ако Сириските демократски сили во Сирија се потпрат на поддршката на Соединетите Американски Држави кои во Сирија се вратија за нафта. Ги советувам Курдите да ги одржат своите зборови и да не вршат сомнителни дејствија од аспект на конјуктурата.“
Лавров, наведувајќи дека треба да се воспостави дијалог меѓу ЈПГ/ПКК и режимот на Асад, рече: „Правата на Курдите можат да се дадат во рамките на територијалниот интегритет и суверенитет на Сирија. Треба да воспостават дијалог со сириската администрација.“