Ruslan Rehimov
28 Февруари 2022•Ажурирај: 01 Март 2022
МОСКВА (АА) - Министерство за одбрана на Русија соопшти дека целиот воздушен простор на Украина е под контрола на Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението дадено од Mинистерството се нагласува дека руски војници ги контролираат и областите околу нуклеарната централа Запорожје, дека централата продолжува да работи и дека нивото на радиоактивност е нормално.
Меѓу другото, во соопштението се тврди дека од почетокот на нападот уништени се 1.114 воени постројки на Украина и дека целиот воздушен простор на Украина е под контрола на Русија.
Исто така, се наведува дека под контрола на руската армија се и градовите Бердјанск и Енергодар.