Ali Cura
10 Март 2022•Ажурирај: 11 Март 2022
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Русија повеќе нема да учествува во Советот на Европа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за надворешни работи се наведува дека Европската Унија (ЕУ) и земјите од НАТО, кои се непријателски настроени кон Русија, „продолжуваат да ја нарушуваат линијата на Советот на Европа и областа на заедничкото хуманитарно право во Европа“.
Во изјавата во која се посочува дека Русија нема да учествува во Советот на Европа, се нагласува: „Русија нема да учествува во трансформацијата на организацијата во платформа на западната надмоќ и нарцизам.“