Ali Cura
26 Јуни 2022•Ажурирај: 27 Јуни 2022
МОСКВА (АА) - Руските вооружени сили погодиле три украински воени објекти со високопрецизно оружје, соопшти денес руското Министерство за одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството, Игор Конашенков, изјави дека цел биле центрите за обука на украинската Војска во Чернихив, Житомир и Лавов.
Конашенков истакна дека украинската Војска уште еднаш се обидела да изврши неуспешен напад на Змискиот Остров со авиони и повеќеракетни фрлачи.
„До денес во Украина уништени се 215 украински авиони, 132 хеликоптери, 1.363 беспилотни летала, 350 ракетни системи за воздушна одбрана, 3.809 тенкови и оклопни возила, 682 повеќецевни ракетни фрлачи и 3.012 специјални воени возила“, соопшти Конашенков.