Burç Eruygur
23 Јануари 2023•Ажурирај: 25 Јануари 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Шефот на руската служба за надворешно разузнавање Сергеј Наришкин денес изјави дека украинските вооружени сили складираат оружје и муниција доставени од Западот на подрачјето на нуклеарните електрани, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ова се однесува на најскапите ракети за вооружените сили на Украина за HIMARS MLRS (повеќекратен ракетен систем) и странски системи за противвоздушна одбрана, како и артилериска муниција со голем калибар“, се наведува во изјавата на Наришкин во соопштението од Службата за надворешно разузнавање.
Во соопштението се додава дека само во последната недела од декември 2022 година од странство, преку железничката станица Рафаливка во Нуклеарната електрана Ривне биле испорачани неколку железнички товарни вагони од странство.
Исто така, се тврди дека намерата на Украина е „да ги гранатира градовите Донбас и другите погранични региони на Русија зад грбот на невините украински цивили“, додека украинските вооружени сили „кријат муниција зад нуклеарните реактори“.
„Пресметката на Украина се заснова на фактот дека руските вооружени сили, сфаќајќи ја опасноста од нуклеарна катастрофа, нема да го нападнат подрачјето на нуклеарните централи“, се вели во соопштението.
Исто така, се наведува дека доколку се случи експлозија од големи размери во магацини или во нуклеарната централа, тогаш вината „секогаш може да ѝ се припише на Москва“, тврдејќи дека Киев „е апсолутно убеден во тоа, со оглед на премолченото охрабрување на Западот за украински артилериски напади на нуклеарната централа Запорожје“.
„Ова е метод што често го користат меѓународните терористи. Само заложниците на режимот во Киев сега не се индивидуални цивили, туку десетици, па дури и стотици илјади жители на таа земја и соседните земји. Се надевам дека никој во Киев нема да помисли на тоа намерно да крева во воздух такви складишта со надеж дека ќе добие уште повеќе оружје и муниција од САД и нивните сојузници“, се истакнува во соопштението.