Ali Cura
22 Мај 2023•Ажурирај: 22 Мај 2023
МОСКВА (АА) - Вјачеслав Гладков, гувернер на областа Белгород во Русија, изјави дека диверзантска група на украинската војска влегла во границите на Русија, а руските безбедносни сили презеле мерки за нејзина неутрализација, пренесува Анадолу.
Гладков на својот профил на социјалните мрежи наведе дека диверзантско-извидувачка група на украинските вооружени сили влегла на територијата на Грајворон, на границата со Украина.
„Руските вооружени сили, руската Федерална служба за безбедност, рускиот гардиски корпус и граничарите ги преземаат потребните мерки за неутрализирање на групата“, рече Гладков.
Напоменувајќи дека ова подрачје од вчера го напаѓаат и со беспилотни летала и минофрлачи од Украина, Гладков рече дека е направена штета во населените места.
Гладков, исто така, изјави дека во нападите во селото Глотово се повредени две лица.