Emre Gürkan Abay
25 Ноември 2021•Ажурирај: 26 Ноември 2021
МОСКВА (АА) - Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, истакна дека Русија ја поддржува нормализацијата на односите меѓу Турција и Ерменија и дека тоа ќе придонесе за ситуацијата во регионот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Захарова на прес-конференцијата што ја одржа со видеоконференција, се осврна на случувањата во Јужен Кавказ.
Наведувајќи дека Ерменија побарала поддршка од Русија за воспоставување контакт со Турција, Захарова рече: „Русија е заинтересирана за нормализирање на односите меѓу Турција и Ерменија и презема чекори во оваа насока.“
Захарова, нагласувајќи дека Русија ќе продолжи да го поддржува процесот на сите можни начини, додаде: „Подготвени сме да ја дадеме сета поддршка што е во наши можности. Веруваме дека започнувањето на овој процес ќе придонесе за подобрување на општата ситуација во регионот.“
Таа рече дека ќе продолжат да преземаат чекори за создавање мирни и стабилни услови во регионот: „Секако дека посебно значење се придава на воспоставувањето и развојот на трговските, економските и транспортните врски во регионот.“