Elena Teslova
10 Октомври 2016•Ажурирај: 10 Октомври 2016
МОСКВА (АА) – Николај Панков, заменик на рускиот министер за одбрана, изјави дека се подготвени потребните документи за Русија да има постојана поморска база во Тартус, на западниот дел од Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Панков денес зборуваше во Горниот дом на рускиот Парламент.
„Ќе имаме постојана воена поморска база во Тартус“, изјави Панков, кој додаде дека се подготвени потребните документи и дека стигнале потребните одобренија на ниво на министерства.
Во обраќањето до членовите на Парламентот, Панков изјави дека по завршувањето на потребната процедура, одлуката ќе се даде на одобрение на претставниците.
Русија во Тартус има воена база којашто моментално ја користи. Базата се квалификува како објект за поддршка и сервис на воените бродови.
Со потезите во изминатиот период, руското воено присуство во Сирија станува постојано. Долниот дом на Парламентот, Думата, го одобри договорот со кој на Русија ѝ се дозволува неограничено користење на базата Хмејмим во Сирија.
Министерството за одбрана на Русија претходно потсети дека во Русија е поставен систем за одбрана S-300.