Elena Teslova
20 Септември 2023•Ажурирај: 22 Септември 2023
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за одбрана соопшти дека борбениот авион Су-34 се урнал за време на тренинг лет, јавува Анадолу.
Во соопштението се наведува дека двајцата пилоти користеле катапулт за време на падот на авионот и дека подоцна биле пронајдени и евакуирани на безбедно.
„Авионот се урна недалеку од населените места. Нема причинета материјална штета на земја. Тренинг летот е извршен без муниција. Причина за несреќата најверојатно е технички дефект“, се наведува во соопштението.
Борбениот авион Су-34 е со две седишта за сите временски услови, дизајниран за ракетни и бомбашки напади врз копнени цели, како и за гаѓање на непријателски воздушни цели.