Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
06 Ноември 2019•Ажурирај: 07 Ноември 2019
ИДЛИБ
Двајца здравствени работници се повредени во воздушните напади на руските воени авиони во населбите кои се наоѓаат во рамките на деескалационата зона во Идлиб, пренесува Anadolu Agency (AA).
Опсерваторијата за авиони при воената опозиција соопшти дека воените авиони кои припаѓаат на Русија, во доцните ноќни часови извршиле напади во селата Шинан и Маарширун, во областа Маретинуман од Идлиб.
Доктор Зухејр Карат, директор на породилиштето и Детската болница „Ихлас“ во селото Шинан, во изјавата за АА рече дека воени авиони синоќа извршиле двоен напад на болницата.
„Како резултат на нападот, 80 проценти од болницата се срушени. Двајца здравствени работници се повредени. Бебињата во инкубаторите и пациентите се евакуирани“, нагласи Карат.

Тимовите за Цивилна одбрана на Идлиб (Белите шлемови) пристигнаа до местото на нападот, ги евакуираа болните и го изгаснаа настанатиот пожар.
Минатата недела, 12 цивили го загубија животот во нападот на руските авиони во населбите кои се наоѓаат во рамките на деескалационата зона во Идлиб.
Од потпишувањето на договорот меѓу Русија и Турција на 17 септември 2018 година, повеќе од 1.300 цивили ги загубија своите животи во нападите на режимот и Русија во деескалационата зона во Идлиб.
Од местата каде што нападите се интензивни, во местата кои се релативно потивки, особено во близина на границата со Турција, во последната година мигрираa над 1 милион лица.