Elena Teslova
30 Март 2026•Ажурирај: 31 Март 2026
МОСКВА (АА) - Рускиот танкер „Анатолиј Колодкин“, кој носи хуманитарна пратка од 100.000 тони сурова нафта, пристигна на Куба, соопшти денес руското Министерство за транспорт, пренесува Анадолу.
„Рускиот танкер 'Анатолиј Колодкин' со хуманитарна пратка од 100.000 тони сурова нафта пристигна на Куба. Во моментов, бродот чека истовар во пристаништето Манзас“, се вели во соопштението на Министерството.
Претходно, американските медиуми објавија дека Крајбрежната стража на САД не го пресретнала рускиот танкер и покрај блокадата наметната од претседателот Доналд Трамп, кој самиот изјави дека не гледа проблем во снабдувањето на Куба со руска нафта.