Talha Yavuz
29 Октомври 2021•Ажурирај: 31 Октомври 2021
КИЕВ
Воениот суд во градот Ростов на Дон, Русија, осуди четворица кримски Татари на затворски казни од 12 до 17 години под обвинение за тероризам, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Лудмила Денисова, претседателка на Комитетот за човекови права на украинскиот Парламент, истакна дека четирите лица биле обвинети за тероризам.
Судот го осуди Сејитомер Сејитомеров на казна затвор од 17 години, Осман Сејитомеров на 14 години, Рустем Сејитмеметов на 13 години и Амет Сулејманов на 12 години затвор.
- Приведени 30 активисти -
Заменик-министерката за надворешни работи на Украина, Емине Џепар, на својот профил на Твитер истакна дека кримските Татари се систематски прогонувани на полуостровот.
Наведувајќи дека кримските Татари долго време се ставаат зад решетки под апсурдни обвиненија, Џепар рече дека ја осудуваат незаконската одлука на судот.
Џепар, исто така, информира дека 30 активисти, меѓу кои и двајца новинари, се приведени затоа што протестирале против оваа одлука на судот.