Emre Gürkan Abay
15 Октомври 2022•Ажурирај: 17 Октомври 2022
МОСКВА (АА) - Министерството за одбрана на Белорусија соопшти дека првата група руски војници, како дел од регионалната заедничка воена единица формирана со Русија, пристигнала во Белорусија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението, во кое се наведува дека првата група од рускиот воен конвој стигнала до Белорусија, се додава дека „војниците се срдечно пречекани со леб и сол“.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко на 10 септември соопшти дека со Русија е постигнат договор за формирање на заедничка регионална воена единица.