Elena Teslova
23 Септември 2022•Ажурирај: 24 Септември 2022
МОСКВА (АА) ‒ Руското Министерство за одбрана денеска објави кои категории граѓани се ослободени од делумната воена мобилизација што ја објави претседателот Владимир Путин пред два дена, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството, вработените во ИТ-секторот, во медиумите, во комуникациските и финансиските компании кои имаат стратешко значење ќе бидат ослободени од воена служба.
„Списоците со граѓани доставени од раководителите на релевантните институции во пропишаната форма до Генералштабот на вооружените сили на Руската Федерација ќе се сметаат за основа за ослободување од пријавување за воена служба“, соопшти Министерството.
Путин во средата прогласи мобилизација на 300.000 лица на возраст од 18 до 50 години за „специјалната воена операција“ на Москва во Украина.