Kasım İleri
28 Јуни 2022•Ажурирај: 28 Јуни 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) информираше дека во Идлиб извршиле воздушен напад насочен врз Ебу Хамза ал Јемени, наводно еден од главните водачи на организацијата Ал Хурас, koja e поврзана со Ал Каеда, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави ЦЕНТКОМ се нагласува: „Силите на ЦЕНТКОМ извршија напад насочен кон Ебу Хамза ал Јемени, лидер на Хурас ал-Дин, терористичка организација поврзана со Ал Каеда, во сириската провинција Идлиб на 27 јуни. Во моментот на нападот Хамза ал Јемени патувал сам со мотоцикл.“
Во соопштението, во кое нема информации дали Ебу Хамза ал Јемени е убиен или не, се истакнува дека според првичните сознанија немало цивилни жртви.