Gamze Türkoğlu Oğuz
30 Октомври 2019•Ажурирај: 31 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Најмалку три лица загинаа во вооружен напад во американската сојузна држава Калифорнија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Локалните претставници наведуваат дека нападот е изведен во куќа, каде што имало забава по повод Ноќта на вештерките. Убиени се три, а ранети девет лица. Од полицијата не објавија детали.
Ноќта на вештерките (Halloween) на 31 октомври секоја година се прославува во Ирска, САД, Канада, Порторико, Австралија и Нов Зеланд.