Ekipa
12 Јуни 2016•Ажурирај: 12 Јуни 2016
ОРЛАНДО (АА) - Полицијата соопшти дека скоро 20 лица се убиени во пукање во ноќен клуб на Флорида, а најмалку 42 лица се повредени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Шефот на полицијата во Орландо, Џон Мина, соопшти дека властите сè уште го немаат утврдено точниот број на убиени лица, но „приближно 20 лица” се загинати.
Портпаролот на ФБИ изјави дека пукањето се истражува како терористички акт. Тој истакна дека властите истражуваат дали ова е дело на домашен или меѓународен терор, и околу тоа дали напаѓачот бил единствен извршител.
Мина истакна дека напаѓачот бил вооружен со пушка за напад, пиштол и одреден сомнителен уред.
Полицијата претходно на Твитер соопшти дека имало „контролирана експлозија” на местото на настанот во Пулс Орландо.