Ahmet Dursun
03 Февруари 2023•Ажурирај: 04 Февруари 2023
ВАШИНГТОН (АА) - Администрацијата на Соединетите Американски Држави (САД) подготвува нов пакет воена поддршка за Украина во вредност од околу 2,2 милијарди долари, кој вклучува испорака на ракети со подолг дострел, пренесува Анадолу.
Според „Асошиејтед прес“, врз основа на изјава на анонимен американски функционер, овој пакет кој се очекува да биде соопштен во наредните неколку дена, вклучува обврска за обезбедување „Бомба со мал дијаметар лансирана од копно“ што има дострел од околу 150 километри, за Украина.
Во рамки на пакетот подготвен од САД, во Украина ќе се достави и опрема која ќе овозможи поврзување на сите различни системи на воздушна одбрана испратени до Украина од западните земји со цел помагање во подобра одбрана против руските ракетни напади.
Министерот за одбрана на Украина, Олексиј Резников, вчера изјави дека во случај сојузниците на Украина да ѝ обезбедат ракети со долг дострел, подготвени се да дадат гаранција дека со тоа оружје нема да ги напаѓаат териториите на Русија.
Вашингтон од почетокот на нападите на Русија во Украина на 24 февруари 2022 година, досега, на администрацијата на Киев ѝ обезбеди воена поддршка од 27,2 милијарди долари.