İslam Doğru
18 Јуни 2019•Ажурирај: 19 Јуни 2019
ЊУЈОРК (АА) - Членовите на Египетско-американската заедница во Њујорк одржаа протест против воената администрација на Египет по смртта на првиот претседател на Египет, избран на демократски начин, Мухамед Морси, кој вчера почина во судница, јавува Anadolu Agency (AA).
Членовите на Египетско-американската заедница се собраа на улицата каде што се наоѓа и конзулатот на Египет и се молеа за Морси.
Демонстрантите носеа голем транспарент со натпис „Легитимниот претседател на Египет, Мухамед Морси“, протестирајќи против египетската воена администрација.
Махмуд ел Саид, египетски лекар, во своето обраќање на протестот истакна дека силите кои извршија пуч против Морси, шест години ја чекале смртта на Морси, период во кој тој бил во затвор.
„Бидејќи тој го претставуваше египетскиот народ и неговата слободна волја, како и слободата и честа на Египет“, рече тој.
„Оние кои денеска го убија Морси, не го убија само денеска, туку го убиваа во текот на шест години, лишувајќи го од најосновните права како храна и лекување. Морси беше убиен за слободата на неговиот народ. Тој се бореше за слободата и честа не само на Египет, туку и на Сирија, Палестина и на сите народи во регионот“, додаде Ел Саид.
Ахмед Абдулбасит истакна дека бил професор по физика на Универзитетот во Каиро, но по воениот пуч бил принуден да мигрира во Америка.
„Кога дознав за смртта на Морси кој е единствениот претседател кого го избравме на демократски начин, во слобода, почувствував како да починала демократијата. Тој беше нашата прва радост до египетската револуција, но го загубивме“, нагласи Ахмед Абдулбасит.
Демонстрантите за време на протестот извикуваа пароли на арапски јазик како „Морси е шехид“ и „Ние сме на патот на Морси“.