Servet Günerigök
13 Февруари 2025•Ажурирај: 14 Февруари 2025
ВАШИНГТОН (АА) - Американското Министерство за финансии денес воведе санкции против обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) Карим Кан, јавува Анадолу.
Претседателот Доналд Трамп на 7 февруари потпиша извршна наредба за санкционирање на МКС поради издавањето налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за воени злосторства во Појасот Газа.
Трамп го обвини судот за вклучување во „нелегитимни и неосновани акции насочени против Америка и нашиот близок сојузник Израел“.