Safvan Allahverdi
26 Октомври 2019•Ажурирај: 28 Октомври 2019
ВАШИНГТОН
Соединетите Американски Држави (САД) ги сопреа сите летови кон Куба, со исклучок на главниот град Хавана, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, на социјалната мрежа Твитер напиша дека од министерката за транспорт на САД побарал да ги сопре сите летови кон Куба, со исклучок на главниот град Хавана.
„Овој потег е политика за наплатување на цената на кубанскиот режим, кој го поддржува Мадуро и го угнетува сопствениот народ“, порача Помпео.
Со оваа одлука американските авиокомпании „Американ ерлајнс“ (American Airlines) и „ЏетБлу“ (JetBlue), кои летаат во другите кубански градови, отсега ќе го користат само аеродромот „Хосе Марти“ во Хавана.