Kasım İleri
09 Април 2017•Ажурирај: 10 Април 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Носачот на авиони Карл Винсн, кој е дел од Пацифичката команда (ПАКОМ) на САД, го откажа патувањето за Австралија и се упати кон корејските води.
Портпаролот ПАКОМ, поморскиот мајор Дејв Бенхм даде писмено образложение во кое се вели „Пацифичката команда на САД, со цел да ја покаже својата будност и подготвеност, на носачот на авиони Карл Винсн му издаде нарадба да се упати во водите на западен Пацифик”.
Бенхм во писмената изјава наведува дека носачот на авиони Карл Винсн, како дел од третата флота, се упатил во водите на западен Пацифик со цел да ги заштити интересите во тој дел и додава: „Северна Кореја е закана број еден во регионот која со својата невнимателност, неодговорност, може да отвори пат кон нестабилност со тестирањето ракетни проектили и со напорите за поседување на нуклеарно оружје”.
Северна Кореја за последен пат изврши тестирање на проетили со среден дострел на 5 април. Тестираниот проектил, по изминати 64 километри падна во Јапонското Море.
Од друга страна, Пјонгјанг на 6 март исфрли четири балистички проектили, кои пред да паднат во морето прелетаа 1.000 километри.
САД, кои ова тестирање го претставуваа како тестирање на проектил кој постигнал најдолг дострел, го забрза поставувањето на лансирните рампи од антиракетниот систем ТХААД, за кои САД веќе една година преговара со Јужна Кореја.