Associated Press
30 Март 2023•Ажурирај: 31 Март 2023
ЛУИСВИЛ (АА) - Два воени хеликоптера се урнаа синоќа во југозападен Кентаки, Соединетите Американски Држави, за време на рутинска обука, се вели во соопштението на американскиот воен гарнизон во Форт Кембел, јавува Анадолу.
Сѐ уште нема информации за членовите на екипажот.
Два хеликоптера „ХХ-60 Блекхак“ се урнаа околу 22 часот по локално време.
„Во моментов командата е фокусирана на грижата за војниците и нивните семејства“, се вели во соопштението.
Гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар, на Твитер напиша дека „се очекуваат смртни случаи“.
Истрагата за несреќата е во тек.