Michael Gabriel Hernandez
07 Јануари 2021•Ажурирај: 07 Јануари 2021
ВАШИНГТОН
Жена е тешко ранета во текот на нередите кои се случија во Вашингтон, откако приврзаниците на американскиот претседател Доналд Трамп упаднаа во зградата на Капитол, покажува снимката прикажана на државната телевизија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Приврзаниците на Трамп влеговаво Капитол кога пратениците се подготвуваа да ги потврдат резултатите од изборите одржани на 3 ноември 2020 година, на кои победи Џо Бајден, што требаше да биде рутинска постапка во пресрет Денот на инаугурацијата.
Хаотични сцени настанаа во Вашингтон откако приврзаниците на Трамп се судрија со полицијата, предизвикувајни дополнителен хаос, ги пробија вратите и прозорците на Капитол и дојдоа до спратот на Сенатот.
На фотографиите објавени на социјалните мрежи видливо е дека припадниците на безбедносните сили посегнаа по оруже откако демонстрантите тргна кон делот на комплексот во кој се одржуваше броење на гласовите.
Трамп неколку месеци наведуваше дека изборите, на кои од Бајден загуби за седум милиони гласови, се наместени, предизвикувајќи емоции меѓу своите приврзаници со теории на заговор кои повеќе пати се оспорени на суд. Министерството за правда не најде докази за потврда на наводите за масовна измама.