02 Август 2022•Ажурирај: 03 Август 2022
КУДС (АА) - Израелската војска одржува поморска вежба со Петтата флота на Соединетите Американски Држави (САД) во Црвеното Море, пренесува Агенција Анаолија (АА).
Армијата преку Твитер соопшти дека Поморската вежба на Израелската морнарица и Американската армија започнала вчера.
Соопштено е дека ракетните бродови Са'ар 5 и Са'ар 4.5 ќе учествуваат во вежбата која ќе спроведе „различни задачи заедно со бродовите и танкерите од Петтата флота на Американската морнарица“.
Поморската вежба во Црвеното море ќе трае четири дена, јави државата телевизија „Кан“.
Вежбата „се фокусира на планирање мисии, одржување на бродските рути во подрачјето и спроведување на заеднички вежби помеѓу двете сили во морето“, додаде телевизискиот канал.
„Израелската безбедносна служба забележа зголемена активност од Иран во Црвеното Море во последните години, така што заедничката вежба, исто така, значи и порака кон Иран“.