Levent Tok,Mohamad Misto
09 Јануари 2018•Ажурирај: 10 Јануари 2018
РАКА/ИСТАНБУЛ (АА) - Мухамед Мисто/Левент Ток - Припадниците на терористичката организација ПЈД/ПКК, кои контролираат околу 23 отсто од сириската територија, со поддршка на САД, вршат подготовки за формирање на таканаречена војска, јавува Anadolu Agency (AA).
Американската администрација најави дека ќе продолжи со поддршката на ПЈД/ПКК и покрај фактот што терористичката организација ДЕАШ во голема мерка е поразена со акциите во Рака и Деир ез-Зор, во источниот дел на Сирија.
По изјавата на генералот на Централната американска команда (CENTCOM) Џозеф Вотел на 22 декември, за воспоставување на гранични единици во Сирија со цел спречување на повторно заживување на ДЕАШ на тоа подрачје, преземен е и првиот чекор.
Според податоците на локалните безбедносни извори, завршена е обуката на 400 припадници на терористичката организација во кампот Сабаху'л Хајр во јужниот дел на Хасеке и во источен Алепо.
Инструкторите на ЦИА пружија обука од техничка и теоретска природа, додека специјалните и воздушните сили на Пентагон ги обучуваа терористите од Кандил за користење на оружје.
Пентагон и ЦИА ги прошируваат т.н специјални оперативни елементи HAT со помош на YAT (наводни антитерористички единици), основани од страна на терористичката организација ПКК/ПЈД во 2014 година.
Таканаречените YAT (наводните антитерористички единици), ги прошируваат т.н специјални оперативни елементи дадени од страна на HAT.
Овие 400 терористи, кои ја поминале специјалната обука, учествуваа и во структурите на YAT и HAT. Се зголемува и техничката поддршка на САД, кои од април 2016 година на организацијата ѝ доставуваат оружје и муниција.
ЦИА и Пентагон за новото формирање на ПЈД/ПКК доставуваат најсовремени радио-станици и опрема за сигнализација. Обуката ја спроведуваат американски експерти.
Локални извори наведуваат дека единиците YAT (ЈАТ) наводно започнале со прислушување на граничните единици на турската граница.
Групата, која во програмата на Пентагон-ЦИА се нарекува „граничари“, терористичата организација ПЈД/ПКК ја нарекува „Северна војска“.
Извори од тоа подрачје сметаат дека називот „северна“ за т.н војска, е посебно избран поради можните за преговори на оваа војска со режимот на Асад, за создавање на автономна администрација.
Се очекува дека новата формација ќе се состои 70 отсто од припадниците на ПЈД/ПКК.
Се очекува дека структурите кои ќе излезат од називот „Северна војска“, ќе бидат подготвени да војуваат во редовите на „редовната“ војска. Како таква, „Северната војска“ претставува последен чекор кон редовната воена транзиција за терористичката организација ПЈД/ПКК.
ПЈД е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која е на листата терористички организации во Турција, ЕУ и САД.