Satuk Buğra Kutlugün
05 Јули 2017•Ажурирај: 05 Јули 2017
СЕУЛ (АА) - Ден откако Северна Кореја изврши ново тестирање на балистички проектил, војските на Јужна Кореја и на САД одговорија со успешно тестирање на интерконтиненталните балистички ракети, јавува Anadolu Agency (AA).
На предлог на претседателот на Јужна Кореја, Мух Џae-ин, и со одобрување на американскиот претседател Доналд Трамп, рано утринава војските на двете земји извршија заедничко лансирање на разорниот проектил на источниот брег од Корејскиот Полуостров.
Повикувајќи се на здружената команда на јужнокорејските и американските сили на полуостровот, новинската агенција Јонхап јавува дека тестирањето било успешно.
Командантот на американските сили, генерал Винсент K. Брукс, порача дека тоа е заеднички одговор на провокациите на Северна Кореја и дека би била огромна грешка доколку кој било помисли да стори нешто против САД или Јужна Кореја.
Северна Кореја вчера соопшти дека извршила успешно тестирање на новиот интерконтинентален проектил, а јужнокорејската војска, пак, се сомнева дека се работи за интерконтинентален, туку за проектил од среден дострел.
Голем број земји и меѓународни организации ја осудија новата провокација од Пјонгјанг, а денес е свикана и вонредна седница на Советот за безбедност на ОН.