Şeyma Uzundere
22 Август 2022•Ажурирај: 25 Август 2022
СЕУЛ (АА) – Јужна Кореја и Соединетите Американски Држави (САД) ја одржуваат најголемата воена вежба во последните години за да ја подобрат соработката во одбраната против растечката закана од Северна Кореја, известува Агенција Анадолија (АА).
Најавено е дека вежбата наречена „Ulchi Freedom Shield“, во која чествуваат десетици илјади војници, како и воени авиони и бродови, ќе трае до 1 септември.
Во првите четири дена ќе се одржи обука за цивилна одбрана, заеднички напади и обука за снабдување на фронтот.
Најавена е и вежба за употреба на беспилотни летала и воени технологии од новата генерација, како и обука за одбрана на пристаништа, аеродроми и индустриски зони.
Некои заеднички вежби меѓу САД и Јужна Кореја беа одложени во последниве години поради загриженоста од избувнувањето на пандемијата на Ковид-19 и обновувањето на дипломатските контакти со Северна Кореја.
Севернокорејските власти засега не реагираат на организацијата на оваа голема воена вежба во времетраење од 11 дена во нивното соседство.