Emel Öz Gözellik
07 Јуни 2018•Ажурирај: 09 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Американец бил гризнат од змија ѕвечарка на која претходно ѝ ја отсекол главата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американските локални медиуми наведуваат дека маж за време на работа во дворот наишол на змијата ѕвечарка со должина од 1,2 метри. Откако ѝ ја отсекол главата, телото го фрлил во ѓубре. Меѓутоа, отсечената глава на змијата го гризнала човекот.
Џенифер Сатклиф, сопругата на несреќниот Американец, раскажа дека нејзиниот сопруг, по каснувањето од змијата, паднал на земја.
Со хеликоптер е хоспитализиран и по примање на 26 дози антидот, е вратен во живот. Сопругата Сатклиф изјави дека процесот на оздравување ќе трае долго. Според нејзините зборови, сопругот сѐ уште има проблеми со бубрезите.
Научниците сметаат дека рефлексите кај змиите се во функција и неколку часа по смртта.