Tayfun Coşkun
22 Јануари 2017•Ажурирај: 23 Јануари 2017
САН ФРАНЦИСКО (AA) - Ширум Соединетите Американски Држави (САД) илјадници луѓе демонстрираа против Доналд Трамп, 45. американски претседател, а на ‚‚Маршот на жената“ во Сан Франциско се придружија повеќе од 50.000 луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).
Покрај обраќањето на официјалните лица, настапија и музички ѕвезди кои сакаа да стават акцент на демонстрациите и да укажат на незадоволството.
Маршот, и покрај дождот, е организиран во најпрометната градска авенија, а поради протестите беа затворени многу улици за сообраќај на моторни возила.
‚‚Овде сум бидејќи не го подржувам Трамп. Не го подржувам она што има намера да го направи“, истакна Ненси Бронстејн која се најде во првите редови.
Во Оукланд исто така е организиран марш на кој се претпоставува дека учествувале над 60.0000 луѓе.
Протестите ‚‚Маршот на жената“ започнаа со скромен број учесници, за подоцна бројот на демонстранти ширум земјата да достигне речиси милион луѓе.