Hakan Çopur
22 Ноември 2017•Ажурирај: 23 Ноември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Рекс Тилерсон, државен секретар на САД, за прв пат насилството против муслиманите Аракан во Мјанмар гo нарече „етничко чистење", јавува Anadolu Agency (AA).
Тој ја истакна дека е потребно одговорните за масакрите на муслиманите во Мјанмар да бидат изведени пред лицето на правдата, додавајќи дека хуманитарната криза треба да се заврши што е можно поскоро.
„Никаква провокација не може да го оправда ужасното насилство. Поединци од мијанмарската армија и безбедносните сили и локалните џелати доведоа до овие страдања и принудија стотици илјадници жени, деца и мажи да ги напуштат своите домови и да избегаат во Бангладеш. По внимателната анализа на тековните настани на терен, јасно е дека тоа што им се случи на Рохинџите во Аракан е етничко чистење", се вели во соопштението издадено по повод посетата на Тилерсон во Мјанмар на 15 ноември оваа година.
Тој истакна дека приоритет на американската администрација е да се обезбеди помош за луѓето кои се соочуваат со хуманитарна криза, додавајќи дека САД, после пакетот помош од 40 милиони долари подготвија дополнителна помош од 47 милиони долари.
„Владата на Мјанмар и безбедносните сили мора да ги почитуваат човековите права на сите граѓани кои живеат во границите на оваа земја, а оние кои нема да постапуваат на тој начин мора да се сметаат за одговорни", рече Тилерсон.