Betül Yürük
20 Јануари 2023•Ажурирај: 20 Јануари 2023
ЊУЈОРК (АА) – Соединетите Американски Држави (САД) ќе обезбедат дополнителна воена помош од 2,5 милијарди долари за Украина, објави Министерството за одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Новиот пакет помош вклучува осум системи за противвоздушна одбрана „Авенџер“, 59 пешадиски борбени возила „Бредли“ и 90 оклопни транспортери „Страјкер“.
Од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година, САД ѝ дадоа над 26,7 милијарди долари безбедносна помош на Украина.