Handan Kazancı
02 Јули 2023•Ажурирај: 03 Јули 2023
БАЛТИМОР (АА) - Најмалку две лица се убиени, а 28 се повредени во масовно пукање што ова утро се случи во центарот на Балтимор, во американската сојузна држава Мериленд, известува Анадолу.
Полициската управа на Балтимор соопшти дека масовното пукање се случило во блокот 800 во Авенијата „Грета“.
Бројни полициски, амбулантни и противпожарни екипи се на местото на инцидентот.
Вршителот на должноста комесар на полицијата во Балтимор, Ричард Ворли, соопшти дека најмалку две лица се убиени, а 28 се повредени, од кои тројца се во критична состојба.
Телевизискиот канал WBFF-TV објави дека полициските екипи во болницата пренеле десет ранети лица, а уште најмалку 19 повредени самостојно заминале во болница и побарале лекарска помош во областа Бруклин Хомс во јужен Балтимор.
Очевидците за овој медиум изјавија дека пукотницата се случила во моментите кога стотици луѓе се собрале на настанот под називот „Ден на Бруклин“.
.